еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ кој наскоро ќе се најде во кината

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова наскоро ќе се најде во македонските кина, а сега може и да се погледне возбудливиот трејлер кој остава многу неодговорени прашања.

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година.

„Преекспонирано“ вчера се прикажа и на новиот филмски фестивал Еуразја во Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија.

Филмот ќе се најде во македонските кина на 27 април.

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов.

Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан Митровиќ, сценариото на Елеонора Венинов, монтажер е Гоце Кралевски, костимите се на Жаклина Крстевска, монтажер за звук е Дарко Спасовски, режијата е на Елеонора Венинова, продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).

Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште четири дена многу високи температури, да се избегнува директна изложеност на сонце

Редакција

За 2,7 милијарди евра Србија ќе купи 12 француски борбени авиони Рафал

Редакција

Радев се пожалил на Макрон и Меркел дека Бугарите во Македонија се асимилирани и потиснувани без никакви права

Редакција