еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 17 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. Во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Од четврток, дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога насекаде ќе бидат над 20 степени.

Во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Натприродните моќи на Иван Исцелител спонзорирани на „Фејсбук“

Редакција

(Фото) Многу емоции, солзи и возвишување на планината на промоцијата на книгата на Калина Велевска

Силвана Жежова

Доктор Петличковски: Вакцинацијата со една доза е доволна само кај тие што ја прележале болеста

Редакција