еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството отвори предистрага за Рашковски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“.

Предистрагата е отворена за поранешниот генерален секретар на Влада, Драги Рашковски.

– Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, Обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација.

По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ОЈО.

Од Обвинителството, посочуваат дека во меѓувреме, откако се издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до Обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А1он: За над 50 илјади евра е зголемен имотот на Рашковски откако си замина од позицијата генерален секретар

„На некој му е евтино во Мексико, на некој во Стокомак“: Твитер реакции за одморот на Рашковски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекар од штипската Брза помош позитивен на корона вирусот

Редакција

Избрканите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе делуваат како независни во нова опозициска пратеничка група

Редакција

Скопската зоолошка детектирала угинато животно и не постапила законски, велат од АХВ

Редакција