еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од 1.592 починати од Ковид-19, 282 биле вакцинирани

Во периодот од 6 август до вчера, на територија на државата се потврдени 45.621 граѓанин позитивни на Ковид-19, од кои 12.375 лица или 27 отсто биле целосно вакцинирани, информираат од Министерството за здравство.

Според статистика за изминативе два месеци, 33.246 граѓани, односно 73 отсто од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани, се наведува во анализата на вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19, што денеска ја објави Министерството.

За вакцинирани, како што се посочува во соопштението, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75 отсто, додека само 25 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6 август до вчера, на територија на државата починале 1.592 пациенти со Ковид-19.

Од нив, 1.310 пациенти или 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 282 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекот „Фавира“ за лечење на Ковид-19 ќе биде достапен и кај нас: Да не се користи на своја рака, туку по препорака на лекар

Редакција

Бугарија на Илинденското востание му даде целосно бугарски карактер, Македонија молчи

Редакција

(Вознемирувачко видео) Се сечат дрва во парковите за да се обезбеди гориво за масовно кремирање: Рекордна смртност од Ковид-19 во Њу Делхи

Редакција