еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од 15 ноември задолжително носење зимска опрема

Од 15 ноември до 15 март е периодот на задолжително носење зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година), информираат од Министерство за внатрешни работи.

Под зимска опрема се подразбираат зимски гуми, синџири за снег со соодветна големина за гумите, прирачен алат.

Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Фото: АМСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Тони Николовски, сопруг на експратеничката Ленче Николовска

Редакција

„Да оставиме морето да си ја заврши работата“: Грчката служба ОФКАТ ја прекинува потрагата по Мартин, но случајот не го затвора

Редакција

Заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишен пациент од младата почината пациентка

Редакција