еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од 2.272 починати од Ковид-19 од август до декември, 21% биле вакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 16. декември.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

“Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2.272 лица со Ковид-19, 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

32% од заболените со Ковид-19 од август до декември биле вакцинирани, 98% од хоспитализираните виле невакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со умерена облачност, во западните делови со услови за локален дожд

Редакција

Која е Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица

Редакција

Се што треба да знаете за кинеската вакцина „Синовак“

Редакција