еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Од анализите на Министерството за економија зависи дали ќе има други производи со замрзнати цени

Цената на кој следен производ ќе биде замрзната зависи од анализата во Министерството за економија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Кој производ ќе биде со замрзната цена ќе зависи од анализите што се прават во Министерството за економија. Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема да донесе одлука, рече Ковачески.

Дел од новинарското прашање за Ковачевски содржеше и констатација дека и првиот човек на Северна Кореја исто така бил во обиколка на продавниците да ги види цените, на што премиерот регираше и рече прашањето не е на место и дека доколку новинарот е во Северна Кореја нема да може ни прашање да постави.

-Сметам дека воопшто не ви е на место констатацијата дека во однос на тоа дека претседател на Влада оди да провери какви се цените на производите кои што се со одлука замрзнати од страна на Владата и навистина нема да одговарам на вашата констатација, бидејќи да сте во Северна Кореја вие нема да можете ни прашање да поставите, рече Ковачевски.

Од 28 февруари е замрзната цената на белиот и полубелиот леб, од 16 март на дел од тестенините и млечните производи, а од вчера и на оризот и на јацата. Министерството за земјоделство веќе подготви анализа и за цените на овошјето и зеленчукот, а одлуката ќе ја носи Министерството за економија согласно со Законот за трговија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за датум во септември

Редакција

Никој не сака да ги брани осомничените за грабнувањето и соучество во убиствата на Вања и Панче

Редакција

Ново поскапување на дизелот за 3 денари

Редакција