еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За тие што нема да го предадат нерегистрираното оружје во Србија до 8 јуни ќе следат ригорозни мерки

Граѓаните на Србија кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска до 8 јуни можат да го предадат тоа оружје во која било полициска станица, за што нема кривично да одговараат и нема да сносат никакви последици.

Граѓаните кои во тој период ќе предадат нерегистрирано оружје, нема да мора да го докажуваат неговото потекло, а во полиција можат да го оставаат секој ден од 7 до 19 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Од таму појаснија дека се работи за сите видови оружје, за автоматско оружје како и за сите други, минско-експлозивни направи, делови за оружје и муниција што граѓаните нелегално ги поседувале, пренесува Бета.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека очекува одговорност од граѓаните и побара од нив да не го кријат или фрлаат оружјето, туку да го предадат на полицијата.

Тој додаде дека очекува на овој начин да и бидат предадени „милиони куршуми“ на полицијата и потсети дека нема да има казни за оние што ќе го сторат тоа во следниот месец, но дека потоа казните за поседување нелегално оружје ќе бидат поригорозни.

Акцијата за предавање на нелегалното оружје српското МВР ја покрена по двете масовни убиства во селата кај Младеновац и Смедерево, како и во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, во кои се убиени 17 лица, а над 20 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре времето облачно, постудено и со обилни врнежи

Редакција

Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на коронавирусот

Редакција

Се пренесува ли коронавирусот по сексуален пат?

Редакција