еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од денеска започнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 10 часот и 37 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.

Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во пет часот и 32 минути, кога календарски започнува летото.

Летното сметање на времето, пак, ќе почне во последниот викенд од месецов ноќта меѓу 27 и 28 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.

Се очекуваше од оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година.

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реплек ќе дели дивиденда, како се движеше цената на акцијата на компанијата лани

Редакција

Во Тетово се протестираше за пожарот во модуларната болница, дел од демонстрантите се судрија со полицијата

Редакција

Македонската православна црква со апел за зачувување на македонските национални интереси

Редакција