еМагазин
Image default
Македонија

Од ДУИ не исклучуваат предвремени избори, од СДСМ најавуваат наскоро обелоденување на одлуката

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори, иако лично смета дека приоритет треба да се даде на реформите и на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Вицепремиерот, пак, и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека во овој момент е најважно земјава да ги спроведе реформите. Воопшто не се работи за евентуалната подготвеност или не на партиите, туку за одлука која ќе биде најсоодветна на ситуацијата во која се наоѓа земјата.

На денешната заедничка прес-конференција во владата на која беа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров, Спасовски откри дека се во тек разговорите засега во партијата, а ќе се разговара и со коалициските партнери.

Наскоро, рече, се очекува да се донесе одлуката за тоа дали паралелно со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори.

-Најважно за Македонија е реформите да одат со несмалено темпо, да ги зајакнеме капацитетите и да испорачуваме резултати. Тоа ќе придонесе да одиме напред. Во рамки на СДСМ разговараме се уште на какви избори ќе се оди, ќе разговараме и со коалициските партнери. Не е во прашање подготвеноста на партиите дали да се оди на предвремени парламентрани избори или не.

Ако е така, веднаш треба да се оди на сите избори, туку во прашање се многу аспекти што ќе значат вистинска одлука која ќе одговара на моментот во кој се наоѓаме. Очекувам дека скоро ќе имаме и таква одлука, но таа нема да биде во зависност од реформите, ниту реформите ќе зависат од таа одлука, мора да одат со несмалено темпо, истакна Спасовски.

Османи го повтори ставот дека во ДУИ, како што нагласи „врие од желба“ да се оди на избори утре.

-Но, ние што ги следиме приликите во Брисел, ги имаме средбите со меѓународните претставници и сметаме дека приоритет треба да има овој процес што го почнавме, а треба да го завршиме и да го капитализираме со почеток на преговорите.

Мојот личен став е дека избори пред првата меѓувладина конференција со ЕУ го компромитира процесот, но, сепак, ако опозицијата наметне ситуација во која можните блокади на системот би биле потешки и со поголеми последици отколку предвремни парламентарни избори, ќе треба да се стави на вага што е полошо за државата. Начелно, како адвокат на европската агенда на државата, сметам дека треба да има фокус на реформите, иако партискиот интерес покажуваа интерес за избори, нагласи Османи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ следната недела ќе одлучува за предвремени избори, а на 3 март ќе се знае кандидатот за претседател

Шекеринска, Димитров, Пендаровски и Спасовски „намигнуваат“: Кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 нови случаи на Ковид-19 и еден починат во Тиквешијата

Редакција

Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции

Редакција

Грчките медиуми за новата Влада: „Една од „жешките теми“ се односите со Бугарија“

Редакција