еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од една фамилија се 13. новозаразени со коронавирусот во Скопје

Во Македонија вчера беа регистрирани 22 нови случаи на заразени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 145 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 22.

Потврдените случаи се од 3 градови.

Регистрираните лица во Скопје (n=13) припаѓаат на фамилијарен кластер.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 9 машки лица.

Не се регистрирани нови случаи на хоспитализација. Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 20 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес најмногу активни случаи на Ковид-19

Убава вест: Во Македонија од коронавирусот заболени уште само 26 здравствени работници

Дојче Веле: Штити ли канабис од коронавирусот?

Фото: Град Скопје/Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Mакедонската култура претставена во Кралскиот колеџ во Лондон

Редакција

Одлуките за донација за Украина се класифицирани од безбедносни причини, вели Петровска

Редакција

Самит на Отворен Балкан: Заемно признавање дипломи, соработка во културата, туризмот и даночните управи

Редакција