еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 почина Иринеј, патријархот на Српската православна црква

Српскиот патријарх Иринеј почина денеска од компликации од новиот коронавирус.

Иринеј беше примен во болница во Белград на 5 ноември поради Ковид-19. Неговата здравствена состојба се влоши вчера.

Беше избран за патријарх на Српската православна црква (СПЦ) на 22 јануари 2010 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека патријархот Иринеј починал.

Тој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:

„Ми беше чест да те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат”.

МИА/Фото: СПЦ/pouke.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Митрополит Тимотеј: Го очекуваме доаѓањето на вселенскиот патријарх и доделувањето на томосот

Редакција

Одбиен предлогот за условен отпуст на Зоран Милески – Кичеец

Редакција

Поднесено обвинение за Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата останува во куќен притвор

Редакција