Поради компликации од Ковид-19 на 70-годишна возраст вчера почина Александар Сања Илиќ, композитор, музичар и основач на групата „Балканика“, пренесоа српските медиуми.
Илиќ е роден во Белград во март 1951 година.
Настапувал во групите „Враголани“ и „Сан“, а во 1998 година ја основаше групата “Балканика“.
Со „Балканика“ настапуваше низ целиот свет, а Србија ја преставуваше и на Евровизија во 2018 година во Лисабон со песната „Нови деца“.
Фото: Промо
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.