еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починаа 22 лица, само едно било без коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 14 починати лица од Ковид-19: 8 починати лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две починати лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г).

Од пријавените лица 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1).

Починатите лица се на возраст од 66г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.851.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 1.059 оздравени од Ковид-19

154 се реинфекции: 1.117 нови случаи на Ковид-19 од 3.513 тестови

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски не планира да даде помилување на осудените за насилниот упад во Собранието

Редакција

Денеска протест на средношколците и студентите

Редакција

Треба да се испочитува здравствениот систем овде, па да се замине во странство, вели Манолева за лекувањето на Леонид

Редакција