еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 29 лица, 6 се вакцинирани, 26 со коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 25 починати лица од Ковид-19: 11 починати лица од Скопје (67г, 74г, 74г, 76г, 77г, 77г, 77г, 77г, 80г, 83г и 85г), 3 починати лица од Прилеп (71г, 78г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (57г и 76г) и Штип (65г и 79г) и по едно починато лице од Кратово (81г), Крушево (82г), Неготино (85г), Охрид (86г), Ресен (64г), Куманово (76г) и Струга (69г).

Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1).

Починатите се на возраст од 64г до 82г. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 02.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=29),  6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.578.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 2.418 оздравени од Ковид-19

132 се реинфекции: 1.045 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на разрешениот Вангеловски, за в.д. претседател на Врховниот суд избран Фаик Арслани

Редакција

Продолжува судењето за неамнестираните за настаните во македонското Собрание од 27 април

Редакција

(Видео) Д-р Жан Митрев: Нашата Клиника една од ретките без заразен персонал од корона вирусот, почнуваме со редовна работа

Редакција