еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 39 лица, 7 се вакцинирани, а сите имале коморбидитети

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа е регистрирано 31 починато лице од Ковид-19: 7 починати лица од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), 5 починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по 3 починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по 2 починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г).

Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1).

Починатите се на возраст од 63г до 82г. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 – 31.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=39), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 39 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на починати е 8.533.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 2.652 оздравени од Ковид-19

191 се реинфекции, едно лице се заразило по третпат: 1.493 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Поради тројца вработени заболени со Ковид-19, се затвора училиштето во Вруток

Редакција

Твитер „полуде“ за избришаните снимки од Албанија: „Груевски како Каспер, камера не го фаќа“

Редакција