Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од Ковид-19: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар (73г), Делчево (59г), Кавадарци (85г), Крива Паланка (67г) и Тетово (64г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година.
Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.
Вкупниот број на починати е 6.683.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 395 оздравени од Ковид-19
Нови 412 случаи на Ковид-19 од 3.379 тестирања
Фото: МЗ