еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од октомври нова мерка: Ќе се бара потврда за две дози вакцина

Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ова, рече Филипче, е новата мерка што ќе се воведе најверојатно идниот месец. За други рестрикции засега не се размислува.

Бројката на новодијагностицирани со ковид во моментов е слична на онаа од изминатите денови, а нема ниту зголемен број хопспитализирани деца. Дали ќе се менува нешто во школскиот модел, ќе се знае откако ќе биде готова експертската анализа.

Резултатите од анализата за опфатот на вакцинацијата и возрасната група на дијагностицирани, се очекуваат во сабота и ќе бидат идникатор и за тоа дали евентуално ќе се предложат дополнителни мерки. Потоа, во недела или понеделник, се очекува состанок на надлежните.

„Вирусот се шири и има тешка форма меѓу невакцинираните, над 90 отсто од сите починати се невакцинирани и од вкупно дијагностицираните 30.000 граѓани од 6 – 16 септември 21 процент се вакцинирани.

Апелирам граѓаните да се вакцинираат, се уште е мал опфатот. Потребен е многу поголем процент за да постигнеме целосен имунитет и да се смени сликата со пандемијата, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, вели Филипче

Сè уште е рано за задолжителна вакцина против Ковид-19, смета Филипче

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт департмент уште еднаш порача дека на Груевски треба да продолжи да му се суди во Македонија

Редакција

(Фото) Скопје се сеќава: 59 години од катастрофалниот земјотрес

Редакција

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница бараат ново обвинение

Редакција