Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.
– Од почетокот на годинава е зголемена за 1.000 денари, а во однос на претходната година во
месец март е зголемена за 3.000 денари. Најголемо зголемување има кај исхрана и пијалоци и кај превозот, што значи си продолжува растот на истата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од синдикалната минимална кошничка се за превоз, облека и за здравствени услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата продолжува да расте: Трошоците за живот во март со раст од 8,8, цените на мало од 9,6%
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.