еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од понеделник на полноќ ќе гледаме само МРТВ: Македонија влегува во медумски мрак

Од понеделник (2 март) на полноќ, телекомуникациските оператори ќе престанат да ги пренесуваат домашните и странските ТВ канали, а како што најавија од таму ќе ја пренесуваат програмата само на јавниот сервис, односно каналите на МРТВ, дознава еМагазин.

За престанок на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските оператори пред неколку дена едногласно одлучи Здружението на информатичко-комуникациски технологии, каде што се обединети сите оператори.

“Ваквата одлука на Здружението на информатичко-комуникациски технологии се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што Собранието на РСМ го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

За оваа принудна одлука, да се прекине реемитувањето на домашните и странските ТВ канали, Здружението на информатичко-комуникациски технологии ги информираше Претседателот на РСМ, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, ресорните министри во Владата, АЕК, АВМУ, дипломатскиот кор, Делегацијата на ЕУ во земјава, Европската комисија, странските и домашните радиодифузери и домашната и меѓународната јавност.

Причината за ваквиот чекор се законските измени со кои на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Ваквата обврска дефинирана со Законот е спротивна на ЕУ-Директивите и на сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ, за што Здружението има добиено и писмено мислење од страна на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Истовремено, ваквата законска обврска за операторите претставува состојба на виша сила и е неприменлива затоа што операторите кои реемитуваат програма не можат да имаат ниту контрола, ниту одговорност за тоа дали се регулирани авторските права за сите поединечни програми што ги создаваат и емитуваат телевизиите.

Здружението на информатичко-комуникациски технологии поднесе барање до Уставниот суд за донесување на времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност.

Операторите се заинтересирани и подготвени, како и до сега, да го вложат целиот свој капацитет и знаење, во изнаоѓање на прифатливо решение во најкраток рок, со што би се избегнале натамошните штети и би се заштитиле корисниците на услуги и целата јавност.

И во изминатиот период, Здружението на информатичко-комуникациски технологии укажуваше на штетноста од ваквите измени и ги искористи сите механизми пред сите релевантни домашни и странски институции.

Сепак, и покрај подготвеноста на Здружението да биде партнер во процесот на дефинирање на законските решенија кои ќе бидат во интерес на сите страни, а пред сè на корисниците, измените на ЗААВМУ беа донесени на сосема спротивен начин.

Одлуката за прекин на реемитувањето на телевизиските канали ќе биде на сила сѐ додека надлежните институции не изнајдат прифатливо решение со кое ќе се стават вон сила спорните законски одредби.

Како резултат на неспроведливоста на Законот, а со цел корисниците на ТВ услугите да не бидат оштетени, операторите нема да го наплатат користењето на ТВ услугите за периодот додека трае прекинот“, информираа од Здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Враќање во 20 век: Антени повторно на терасите за „скромна“ ТВ програма?

Македонија како Северна Кореја: Ни се заканува информативен мрак?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 9 случаи на ХИВ/СИДА во ноември во Скопје, Гостивар, Охрид, Демир Капија и Делчево

Редакција

Вкупно 26 заболени од корона вирусот: Позитивни се резултатите и на тројца пациенти тестирани во „Жан Митрев“

Редакција

Кризниот штаб го усвои предлогот да се укинат маските во основните училишта и сертификатите во отворените делови на угостителските објекти

Редакција