еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од попладне локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурите

Промена на времето најавуваат синоптичарите од попладне. Се очекува зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од пладневните часови, облачноста ќе се зголемува и во Скопје каде ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во делови од регионот попладне и во текот на ноќта ќе има повремено пороен дожд, грмежи проследени со засилен ветер и услови за појава на град.

Ваквата промена на времето ќе услови утре и во сабота намалување на температурите од четири до пет степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите за заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада

Редакција

(Видео) Луксузни возила “пловат“ во Дубаи: Силен дожд поплави трговски центри и населби и урна патишта

Редакција

Петмина починати од Ковид-19, најмладиот на 39-годишна возраст

Редакција