еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Oд утре целосно нормализирање на железничкиот сообраќај

Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања – исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски во изјава за МИА потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 06 часот и патниот сообраќај.

Синдикатот вчера имал средба со раководството на претпријатието на која им било ветено дека денеска ќе биде исплатена платата.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал во Железници – Транспорт траеше 12 дена, период во кој во прекин беше и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

12 дена е во прекин железничкиот сообраќај во Македонија

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Македонската нација е вештачка, Вапцаров е Бугарин“: Што пишува во решението на Советот на Благоевград за забрана на македонскиот клуб

Редакција

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ избра: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на партијата

Редакција

Вкупно 201: Од корона вирусот починаа уште осум пациенти

Редакција