Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од три до 12, а максималните од 10 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Минималната температура ќе биде 9, а максималната 17 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в петок и в сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата.
В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд.
Следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од пет до 15 степени, а максималната од 16 до 28 степени.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.