еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Од утре се укинува бесплатниот превоз во ЈСП

Од утре престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град.

На денешниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат.

Поради тоа, од утре ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати.

Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани.

Прашана за колку загадувачи се изречени казни, Арсовска рече дека се прават лабораториски мерења и податоци се добиваат за пет до седум дена. Во изминатите две години, како што рече, биле направени само пет надзори за животна средина.

– Се што е во наша надлежност ќе направиме, рече Арсовска, додавајќи дека имаат луѓе на терен кои постојано работат на контрола на индустриските капацитети.

Таа најави дека во наредните два месеца ќе има повеќе вонредни инспекциски надзори.

– Сите индустриски капацитети ќе ги исконтролораме, ако имаат обврска да си стават филтри ќе си стават, ако сакаат да загадуваат во континуитет ќе бидат казнувани. Постапуваме и кај малите загадувачи, заклучи Арсовска.

Градоначалничката информира дека за два месеци расчистиле 120 диви депонии и најави драконски казни за загадувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот во Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Првомајска забава на мечките на Шар Планина

Редакција

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Редакција

Американската амбасадорка Агелер: Збунувачки е процесот за избор на нов шеф на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција