еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре задолжително зимски гуми и опрема во автомобилите

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15. март, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

„Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови,“ велат од МВР.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за 1,5 а дизелот за 2,5 денари

Редакција

Светските лидери да се разбудат и да спречат Европа да умре од нуклеарна катастрофа, вели Зеленски по гранатирањето на нуклеарката во Украина

Редакција

Кај тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија не била присутна хронична или здравствени состојби

Редакција