Денеска во утринските часови на Меѓународниот аеродром Скопје слетал полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Македонија, информираше министерот за надворешни работи Никола Димитров.
„Во соработка со полското МНР, понудивме враќање во земјата на македонските државјани во Полска кои побарале помош преку нашата Амбасада во Варшава. Од вкупно 33 пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија,“ напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.
Денеска до 18 часот трае пријавувањето во конзулатите на државите, за нашите државјани кои се заглавени по аеродроми и граници, да се вратат дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Околу 2.300 македонски граѓани се затечени на граници и на аеродромите
Фото: ТАВ Македонија