еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Ковачевски дезертирал во воениот конфликт во 2001, прикажувајќи се како трајно неспособен

Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Димитар Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно не одговорил на повикот на својата татковина кога за тоа бил побаран и кога и’ бил најпотребен, изјави денеска пратеникот и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

“Како и сите граѓани на Република Македонија кои во тој период служеа во редовите на АРМ, така и сегашниот нелегитимен премиер морал да се јави во војничките редови.

Но повторувам, според информациите со кои располагаме, дезертерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок во АРМ. Причината поради која дезертирал е дека е цитирам трајно неспособен.

Ковачевски кој сега е премиер и ги ужива сите благодети на слободата и на демократијата, којашто ја има, бидејќи луѓе загинале за таа слобода и демократија, додека тој бегал од војска, не се јавил на отслужување на воен рок и не се пријавил во 2001 година, иако бил повикан.

Ковачевски е човек дезертер, кој не заслужува да ја води државата. Го повикуваме дезертерот Ковачевски во рок од 24 часа да каже дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите?

Да излезе и да каже, во спротивно ќе објавиме се што имаме.

Доколку е навистина трајно неспособен, тогаш мора веднаш да се повлече од премиерската позиција. Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер?

Дали на чело на владата имаме трајно неспособна личност и дали тоа е причината поради која Македонија е понижувана.

Одговорност мора да има како за дезертерот Ковачевски, така и за целата СДС, коишто наместија трајно неспособна личност на чело на Владата. Дали Ковачевски е поставен за премиер, токму затоа што е трајно неспособен?“, рече Ковачки на прес-конференција.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Првите вакцини против Ковид-19 складирани во фрижидер

Редакција

СЗО се корегира, лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми ја пренесуваат инфекцијата

Редакција

Група угостители на големо ги прекршуваат мерките за заштита од Ковид-19, вели директорот на Пазарна инспекција

Редакција