еМагазин
Image default
Македонија

Одбиени сите тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива и од Интегра, потврдени решенијата на ДИК

Тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија (ДИК), информираат од Управниот суд.

– Заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија, како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот суд.

Сите 77 одлуки се објавени на официјалната веб страна на Управниот суд.

Пред Управниот суд во тек е одржување на јавни расправи по поднесени тужби од политичките партии Левица, Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бранко Црвенковски во препознатлив елемент на „претседателска“ вечера во Скопје

Редакција

Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, нови членови на Судскиот совет

Редакција

Најмногу на возраст од 60 години и со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Редакција