еМагазин
Image default
Бизнис

Одговори на 25 најчесто поставувани прашања за владините економски мерки

На телефонскиот број 02/324-8040, којшто од минатиот понеделник функционира како контакт (телефонски) центар на Владата и кој е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки за справување со кризата предизвикана од корона вирусот во периодот од една недела, односно од 6-ти до 11-ти април регистрирани се вкупно 1.579 јавувања.

„Постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните, притоа, најчесто поставувани прашања (96%), од вкупниот број прашања се следните: можноста за користење на финансиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците; можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа; кредитирањето преку Развојна; постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час.

На прашањата кои пристигнуваат во контакт центарот, одговараат стручни лица, а одговорите може да се добијат на македонски и на албански јазик. Кол центарот работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот. Со цел да се одговори на што поголем број повици контакт центарот од денеска работи со зголемен капацитет“, соопшти Владата.

Оттаму додаваат дека со цел навремена и детална информираност на компаниите и граѓаните за економските мерки подготвен е и документ во кој се содржани одговори на најчесто поставуваните 25 прашања во изминатиот период.

За да пристапите на документот со одговори на 25 најчесто поставуваните прашања кликнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Вкупно 17 економски мерки на Владата „против“ кризата од корона вирусот

Детален преглед: Кој и како може да аплицира за државна помош од 14.500 денари по вработен?

Ангеловска: Скратени 6,5 милијарди денари од буџетските корисници, ќе се искористат за мерките за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не се очекува намалување на цените на становите

Редакција

Централниот регистар вработува 20 лица, плата до 44.784 денари

Редакција

Измени на правилата за котација на берзата: „Сомнителните“ компании на листа на набљудување

Редакција