еМагазин
Image default
Локално

Одличје Свети Никола од Општина Штип за Стојанче Ангелов, Штерјо Наков и Бранко Азески

Општина Штип годинава одличјето Свети Никола му го додели на генералот Стојанче Ангелов, информира на својот Фејсбук профил, градоначалникот Благој Бочварски.

„Општина Штип знае да ги препознава, но и да ги вреднува и цени оние личности и субјекти кои покажуваат со личен пример како се ценат и негуваат вистинските општествени вредности.

Годинава одличјето Свети Никола му го доделуваме на нашиот истакнат сограѓанин, патриот и херој којшто во текот на многу турбулентни случувања со свој личен пример покажа како се сака Република Македонија.

 Генералот Стојанче Ангелов се бореше за слободата дури и тогаш кога многу луѓе ја премолчуваа неправдата.

Големината на овој човек е во тоа што покрај сите премрежја низ кои поминал, тој е подготвен да подаде рака во знак на помирување.

Токму таа негова одлучност за поддршка и личен влог за успехот на концептот на едно општество за сите, го прави генералот Стојанче Ангелов да биде носител на орденот Свети Никола доделена од мене во име на граѓаните на општина Штип.

Добитници на признанијата по повод Свети Никола се: Штерјо Наков, почесен конзул на Р. Романија во Р. Македонија со седиште во Штип, стопанственик, поддржувач и афирматор ма Штип. Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора во Р. Македонија со седиште во Штип, претседател на Стопанска комора на Р. Македонија и Пеком Инженеринг, дооел Штип, како општествено одговорна компанија“, соопшти Бочварски.

Фото: Фејсбук/Бочварски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за еден од подметнувачите на пожарот во угосителскиот објект на државниот правобранител Речи

Редакција

На прилепченец му фрлиле запалива материја во дворот

Редакција

Триесетдневен притвор за 20-годишникот од Драчево кој со нож ја уби својата баба

Редакција