еМагазин
Image default
Македонија

Одложено рочиштето за „Рекет“, се разболеа адвокатите на Јанева

Денешното рочиште за “Рекет“ е одложено за 23 јануари, поради отсуство на одбраната на обвинетата, поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева.

Нејзините адвокати, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска го информирале судот дека поради здравствени причини неможе да присуствуваат на рочиштето.

Во судница денеска освен Јанева беше присутен и првообвинетиот Бојан Јовановски– Боки13, како и поранешната специјална обвинителка, Лиле Стефанова, која требаше да сведочи.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври минатата година за „Рекет“ поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за „Рекет“: Ќе сведочи поранешната обвинителка на СЈО, Лиле Стефанова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинат притворот на Мијалков за „Титаник 2“

Редакција

МВР постапува по дивоградбата кај Мавровка, известено и Обвинителството

Редакција

Ново рочиште за „Тендери“ на 20 ноември, ќе бидат сослушани тројца сведоци

Редакција