еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Груевски највисока, за Камчев минимална казна, побара обвинителката Стефанова во завршните зборови за „Плацови на Водно“

Судот на Никола Груевски да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената, предложи јавната обвинителка Лиле Стефанова во завршните зборови за предметот „Плацови на Водно“.

Воедно, обвинителката денеска од судот побара конфискација на становите на Никола Груевски, вклучително и трите стана во Панорама, сопственост на фирмата „СС инвестмент”.

Што се однесува на останатите обвинети застапникот на обвинението го процени како исклучително важен исказот на обвинетиот Ристо Новачевски и му предложи на судот истиот да биде условно казнет.

Додека за обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, обвинителката Стефанова побара минимални казни.

Во завршните зборови обвинителката Стефанова наведе дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева.

– Никола Груевски како премиер ја користел својата функција противправно за да се стекне со имот. Сашо Мијалков во својот исказ негираше дека ги презел дејствијата кои му се ставата на товар.

При претрес на неговото возило беа пронајдени договори склучени со фирмата „СС инвестемент” за становите во Панорама, рече обвинителката Стефанова.

Одбраната на обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски, кој се суди во отсуство истакна дека судот треба да им довери верба на доказите, а не на претпоставките.

Според бранителот на обвинетиот Груевски, исказите на сведоците се претпоставка, односно лаги и невистини и, како што кажа, нема докази против неговиот клиент.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за “Плацови на Водно“: Судот ги одби „бомбите“ на Груевски со Камчев

Мијалков на судењето за „Плацови на Водно“: Освен што ме спомна Алек Теранова, ниту еден друг материјален или вербален доказ не е изведен против мене

Кумот Новачевски го разоткри Груевски на судењето за „Плацови на Водно“

МИА/Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче со дообјаснува на „Фејсбук“ за вакцината „АстраЗенека“: Нема простор за паника за граѓаните што се вакцинираа во Србија

Редакција

Становите во Гази Баба речиси двојно поевтини отколку во Центар

Редакција

(Фото) Невреме во Скопје: Дрвja паѓаа на автомобил во движење и на паркинзи

Редакција