еМагазин
Локално

(Фото) Одрони од камења и дрвја на коловозот го попречуваат сообраќајот по регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови

Одрони од камења и дрвја паднати на коловозот го попречија нормалното одвивање на сообраќајот на регионалниот патен правец Гостивар-Маврови Анови-Дебар.

Заради расчистување на материјалот утрово во неколку наврати имаше и застој. Во моментов возилата се пропуштаат наизменично.

Според првичните информации на службите кои работат на терен три места по делницата од раскрсницата за Кичево-Гостивар кон Маврово на неколку места паднати се дрвја и има одрони од земја и камења.

Утрово околу 11 часот екипи со механизација се излезени на терен и работат на нормализација на сообраќајот.

Зголемениот обем на сообраќајот причинува на моменти да се создаваат и колони, бидејќи возилата се пропуштаат наизменично од двете страни.

Од службите апелираат до патниците и возачите на трпение и внимателност, бидејќи врнежливото време дополнително го отежнува сообраќајот во овој дел од земјата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуденик се обидел да побегне од Идризово, физички нападнал вработен

Редакција

Полицаец застрелал две лица во тетовско Вејце

Редакција

(Видео) Изгоре автомобил на локалниот пат Струмица-Дабиле

Редакција