Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 8.5.2020 година (петок) со почеток во 9 часот, соопшти банката преку Македонската берза.
„Со оглед на прогласената вонредна состојба и согласно препораките на Владата за спречување на вирусот Ковид-19 и соопштението на Комисијата за хартии од вредност од 16.3.2020 година за модификацијата на закажаните
Собранија на акционери со учество по коресподентен пат, 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи по пат на писмена коресподенција, без физичко присуство“, информираат од банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се „пишмани“: Собранија на акционери сепак ќе се одржуваат, нема дивиденда за странците
Охридска банка лани оствари добивка од 3,8 милиони евра
Нова понуда на Охридска банка: Станбен кредит со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %
Охридска банка го зголемува акционерскиот капитал за 10 милиони евра