еМагазин
Image default
Бизнис

Охридска банка го зголемува акционерскиот капитал за 10 милиони евра

Охридска банка АД Скопје ќе изврши зголемување на акционерскиот капитал со издавање на 232.076 обични акции со право на глас, во вкупен номинален износ од 615.001.400 денари (околу 10 милиони евра), за институционален инвеститор по пат на приватна понуда, пишува во предлог-одлуката за престојното Собрание на акционери на банката објавена преку Македонската берза.

„Издавањето на акциите ќе се врши по пат на приватна понуда. Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на банката со нови уплати од страна на постојниот акционер „Штајермеркише банк унд Шпаркасен АД” (“Steiermarkische Bank und Sparkassen AG”) од Грац, Австрија, заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива.

Износот на новозапишаните акции е дел од редовниот основен капитал на банката. Номиналната вредност на една акција изнесува 2.650 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 615.001.400 денари“, се вели во предлог-одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гувернерката на Народна банка даде зелено светло за промените во Надзорниот одбор на Охридска банка

Клиентите на Охридска банка ќе можат бесплатно да повлекуваат готовина од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

Шпаркасе групацијата купи 91,57 ја купи Охридска банка за 48 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона кризата удира: Голем пад на индустриското производство

Редакција

Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Редакција

Државата и натаму нејасна – гасот певтин, а ние го купуваме по фиксна и поскапа цена

Редакција