еМагазин
Image default
Македонија

Тајните снимки за „Рекет“ откриваат дека Боки 13 ја посетувал Јанева во нејзиниот дом

Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваа во судница на рочиштето за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Боки 13 и Јанева.

Според одбраната во снимките нема ништо спорно.

„Да видиме Обвинителството какви заклучоци ќе извлече, но ние не гледаме било каков доказ дека со овие мерки се открива нешто инкриминирачко за било кој од обвинетите. Не гледаме ништо чудно во тоа. Они не кријат дека имале контакти“, истакна адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев.

Одбраната на неколку пати реагираше дека Обвинителството ги изведува несоодветно материјалите од ПИ мерките, односно дека тоа што се чита не соодветствува со видео снимките кои се прикажуваат, како и дека треба подобро да се објаснуваат доказите.

Обвинителката Вилма Русковска рече дека такви се извештаите од МВР, односно ги чита како што ги добила.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.

МИА/Фото:Фејсбук/Боки 13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови снимки од ПИ мерките за „Рекет“: Боки-13 и Кичеец биле снимани во „Воденица“ и „Интермецо“

Судење за „Рекет“: И Кичеец го снимал Боки 13

Судење за „Рекет“: Боки 13 и Камчев договарале операција за Јанева, ама не во Систина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

428 санкции за неносење маска

Редакција

Спасовски не ги слушнал „бомбите“ за Милошоски, се што имале во СДСМ предале на СЈО

Редакција

Починаа четири лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.462

Редакција