еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Ѓоковиќ повторно во имиграциски притвор: Сојузниот суд на Австралија ќе одлучува по неговата жалба

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно е сместен во имиграциски притвор во Мелбурн каде ќе остане до официјалното сослушување, на кое ќе биде одлучено дали ќе остане во Австралија или ќе биде депортиран, откако вчера втор пат му беше укината визата.

На подготвителното рочиште, одржано изминатата ноќ, судијата Дејвид О’Калахан го закажа сослушувањето пред австралискиот Федерален суд за вечерва во 23:30 по средноевропско време.

Судијата го прифати барањето на адвокатскиот тим на Ѓоковиќ одлуката да ја донесе тричлен совет, во кој покрај О’Калаган, ќе бидат и судијата Ентони Бесанко и врховниот судија Џејмс Алсоп.

Одлуката на тричлениот судски совет ќе биде правосилна.

Ѓоковиќ ноќта ќе ја мине во истиот имиграциски притвор во кој беше сместен минатата недела кога првпат му беше укината австралиската виза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Морисон за поништувањето на визата на Ѓоковиќ: Политиките за заштита на границите, ги чуваа Австралијанците безбедни

Австралија повторно му ја поништи визата, на Ѓоковиќ му се заканува нов имиграциски притвор

МИА/Фото: Инстаграм/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет нови случаи на ХИВ во октомври, едно лице починало

Редакција

Какво време не очекува за Бадник и Божик

Редакција

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Директорот на Царината, Танасоски има брат близнак и ќерки близначки

Редакција