еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево, студено и ветровито

Времето денеска во земјава ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северозападен до северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека до понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела и понеделник ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини, а во вторник се очекуваат локални врнежи од снег, само понекаде на пониските места повремено од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пренесувањето на Пендиков во Бугарија за лекување е дел од смислено сценарио, вели Спасовски

Редакција

„Винер“ го доби тендерот за осигурување на воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување вреден 177.000 евра

Редакција

Нови 137 случаи на Ковид-19 од 2.303 тестови

Редакција