На вчерашното собрание членовите на Холандско-македонската стопанска јомора NL Chamber ја избраа Олгица Наумовска за нов претседател.
Наумовска е директор на холандската ИТ компанија „ХСО Глобал сервисис“ во Скопје. Таа изјави дека целта и е да се привлечат уште повеќе холандски компании.
NL Chamber има вкупно 54 членови, од кои 59% се холандски компании кои имаат свои подружници во Македонија.
„Особено во последните неколку години повеќе холандски фирми започнаа бизниси во Македонија во областа на ИКТ и Business Process Outsourcing, вработувајќи стотици млади,“ рече Боб Смит, извршен директор на Комората.
Како член на Управниот одбор беше избран и Дејан Иваноски, директор на холандската ИТ компанија „Симфони солушн“ во Скопје.
Филимена Радонјанин која е ко-сопственик на македонската компанија за дезајн и производство на тапациран мебел, „Фејдом“ е третиот член на Управниот одбор која веќе започна свој мандат во 2018 година.
За неговата 10-годишна поддршка за основање и развој на Комората, претходниот претседател, холанѓанецот Вим Вестен од фирмата „Вимафешн“ во Кочани, беше награден со првиот почитен членство во историјата на Комората.