еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН: Повеќе од 700 милиони луѓе во светот не знаат кога повторно ќе јадат

Глобалната криза со глад остави повеќе од 700 милиони луѓе несигурни кога или дали повторно ќе јадат, а побарувачката за храна незапирливо расте како што пресушуваат хуманитарните фондови, изјави извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн.

На седница на Советот за безбедност на ОН, Мекејн рече дека поради недостиг на финансии, агенцијата била принудена да ги намали оброците на храна за милиони луѓе и оти „следуваат уште повеќе кратења“.

– Сега живееме со серија симултани и долгорочни кризи кои ќе продолжат да ги поттикнуваат глобалните хуманитарни потреби, рече таа.

– Ова е новата реалност на хуманитарната заедница – нашата нова нормалност – и ќе се занимаваме во годините што доаѓаат, нагласи Мекејн.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Крива Паланка шамарал полицаец, МВР најави пријава

Редакција

На Попова Шапка 90 сантиметри снег, во Маврово 21, Крушево 11

Редакција

Висок ризик за ширење на корона вирусот во Скопје, Штип, Гостивар и Куманово

Редакција