Украинскиот политичар Олександр Онишченко, кој доби македонско државјанство се води на адреса во скопско Пржино, објави телевизијата Телма.
Адресата му е заведена во избирачкиот список и на наредните избори, Онишченко може и да гласа на избирачко место во Општина Кисела Вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопственикот на куќата каде наводно во Скопје живее Онишченко за телевизијата вели дека неговите синови само му помогнале поради спортот и дека Онишченко никогаш не живеел на адресата.
Никој никогаш не го видел.
За сите обвинувања за корупција за Онишченко и незаконски дела, сопственикот за телевизијата вели: „Од каде Вие знаете дека е така, Ви кажале Американците“.
Не само на избирачкиот список, името на Онишченко може да се најде и на американската црна листа, затоа што со лажни монтажи на разговори се обидел да влијае на последните американски избори во полза на Доналд Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Призма/Инстаграм