еМагазин
Image default
Локално

Опожарен автомобил во Ченто

На 13.05.2019 година во 01,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фрушкогорска“ во населба Ченто имало опожарено патничко возило, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Сопственикот на возилото не е пронајден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Свети Николе: Дозволил да се „молзе“ општинската каса

Редакција

Безживотно тело на млада жена пронајдено на стариот пат Охрид – Струга

Редакција

Казнет тетовец, кој со „бе-ем-ве“ на автопат „летал“ 300 километри на час 

Редакција