еМагазин
Image default
Бизнис

Општините потрошиле 770 илјади евра за прскање против комарци, велат од Центарот за граѓански комуникации

За прскање против комарци, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова, како што посочуваат од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), повикувајќи се на анализата направена врз податоците на сите договори за јавна набавка за комарци, значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.

Според анализата на ЦГК, 35 општини имале тендери за т.н. терестичко прскање, односно прскање од земја, а шест општини имале тендери за т.н. авионско третирање. Седум општини имале и земјено и воздушно прскање.

Најголем договор за уништување на комарците, како што се вели во анализата, има Град Скопје, кој лани за двегодишен третман против комарци од воздух и од земја, платил половина милион евра.

Во анализата наведено е дека од другите општини, повеќе пари за уништување на комарците платиле оние кои најмиле услуга за авионско прскање и тоа Велес, Кавадарци, Кочани, Куманово и Штип.

– Цените што ги плаќаат општините за оваа услуга се многу различни и зависат од тоа дали прскањето е авионско или до земја, од опфатената површина, но и од бројот на третмани, бидејќи многу општини предвидуваат по неколку третирања во текот на годината.

Сето ова ја отежнува и споредбата на цените. Како и да е, најевтино за еден хектар прскање плаќа Град Скопје, само по 11 денари за хектар прскање од земја, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Авионските прскања чинат од 216 денари за хектар колку што плаќа Град Скопје, до 2.230 денари за хектар колку што платила Карбинци.

– Кога станува збор за средството со кое се прска против комарци и ларви од комарци, општините не се многу прецизни во описот. Само две општини нагласуваат дека средството мора да биде еколошко, а други две општини наведуваат и какво средство или негов еквивалент би сакале.

Како и да е, сите општини наведуваат дека средството мора да има решение за промет и да биде одобрено од Министерството за здравство, наведуваат од ЦГК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои фирми добиле најмногу тендери за авионско прскање и уништување на комарци

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ повторно избран за најпосакуван работодавач

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти

Редакција

Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Редакција