еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ослободени македонските камиони кои беа запленети во Украина

Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР.

– По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти.

Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании, стои во соопштението од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украина заплени два македонски камиони, возачите ја напуштиле државата пеш

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лица кои учествувале на литијата во Струга имале белодробен наод кој одговара на Ковид-19

Редакција

Ревакцинирани вкупно 740.822 граѓани, трета доза примиле 499

Редакција

Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат

Редакција