еМагазин
Image default
Македонија

Новата американска амбасадорка му ги предаде акредитивните писма на Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Агелер, по повод предавањето копии од акредитивните писма.

„Очекувам искуството со кое доаѓа амбасадорката да придонесе за натамошно зајакнување на билатералните односи и продлабочување на соработката.

Стратешкиот дијалог меѓу С Македонија и САД веќе почна да носи резултати, надградувајќи го со тоа долгогодишното стратешко партнерство и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата.

И натаму ја очекуваме американска поддршка за демократскиот развој и евроинтегративниот процес на земјава, како значаен влог во стабилноста и целокупниот регионален напредок,“ напиша Османи на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Османи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 343 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Завршни зборови на одбраната за случајот „Монструм“

Редакција

Случај „Талир“: Јанакиески и Божиновски на сопственикот на „Урбан Инвест” му наредиле да даде 15.000 евра пред изборите

Редакција