еМагазин
Image default
Македонија

Османи во посета на Киев, ќе се сретне со украинскиот колега Кулеба

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи предвидено е Османи и Кулеба да разговараат за руската воена агресија на Украина и начините како меѓународната заедница, вклучително и Македонија, можат да помогнат.

Во Киев, Османи беше пречекан од амбасадорот на земјава во Украина, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законското решение донесено со консензус: Се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

Редакција

800 лица во Македонија се без документи, а 2.500 поднеле барања за државјанство

Редакција

30 евра за патниот лист за да се вратите во Македонија со пасош без „Северна“

Редакција