еМагазин
Image default
Балкан

Осомничениот за убиството на 14-годишен ученик во Приштина, сам ѝ се предал на полицијата

Косовската полиција вечерва објави дека уапсила едно лице осомничено за убиството на 14-годишен ученик, што се случи претпладнето во близина на училиштето во кое учело, во приградска населба на косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, осомничениот 15-годишник, со иницијали Е.В., самиот ѝ се предал на полицијата, по што од надлежен обвинител му е изречена мерка притвор.

„По спроведените истражни дејствија, полицијата успеа да го идентификува лицето осомничено за убиството што се случи денеска во Приштина. Осомниченото лице, (машко, 15 години) се предаде во полиција и истото е под мерката полициски притвор.

На осомниченот му е запленет нож, за кој се претпоставува дека е употребено во случајот. Во присутво на адвокат на осомничениот, во координација со државен обвинител и надлежни лица од Центарот за социјални работи, истражителите ги започнаа потребните полициски процедури кон него“, се вели во полициското соопштение.

Истражните органи ги продолжуваат дејствијата за расветлување на околностите и мотивите за убиството.

Ученикот од 9-то одделение во Основното училиште „Хилми Раковица“ во приштинската населба Врањевац, со иницијали Р.Х., почина вчера наутро како последица на повреди здобиени од нож. Во моментот на убиството момчето било на пат од дома кон училиштето.

Повеќе граѓански и политички субјекти реагираа на трагедијата, барајќи од надлежните органи да обезбедат услови за поголема безбедност на децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

14-годишeн ученик убиен во Приштина, во близина на училиштето каде учело

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Автобус во Србија влета во детско игралиште па удри во автомобили, неколку деца се повредени, едно посериозно

Редакција

„Сите се сакаа“: Подем на Југоносталгијата

Редакција

Владејачката ХДЗ победи на изборите во Хрватска, формирањето на влада неизвесно

Редакција