еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Оставка поради Арсовска и од Борис Настов, директор на ЈП Улици и патишта

Оставка поднесе и Борис Настов, директор на ЈП Улици и патишта-Скопје.

“Најнапред сакам да се заблагодарам за довербата и поддршката што ми беше дадена за да раководам со ЈП Улици и патишта.

Пред 9 месеци, кога станав в.д. директор на ЈП Улици и патишта, затекнав претпријатие во многу лоша состојба, како финансиски, така и во однос на реализацијата на проектите.

Во изминатиот период работев напорно заедно со моите соработници, наспроти сите предизвици и проблеми, за да се подобри работењето на претпријатието, а во функција на исполнување на очекувањата на граѓаните. Мојата мотивација во работата беше реализација на проектите кои им ги ветивме на граѓаните на Град Скопје.

Иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобрија, реализацијата на проектите не се одвиваше според моите и очекувањата на граѓаните.

Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со градоначалничката на Градот Скопје, како основач на претпријатието, како и немањето на разбирање при реализаиција на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал.

Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука.

Искрено им се заблагодарувам на сите вработени и соработници во претпријатието кои работеа деноноќно на сите проекти и покрај отежнатите услови на функционирање, секогаш исполнувајќи ги задачите на највисоко професионално ниво“, напиша тој на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јане Мицевски, директор на ЈП „Дрисла“, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Каков имот пријавил Ѓоко Велковски, разрешениот секретар на Град Скопје

Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен

Фото: Фејсбук/Настов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Новиот делта плус сој нема да предизвика силен бран и преполнување на болниците, максимум би имале 25.000 нови случаи

Редакција

Под хипотека ставени 2.631 недвижност во вкупна вредност од 315 милиони евра

Редакција

Европска политичка заедница за тие што не се спремни за прием во ЕУ, предлага Макрон

Редакција