еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Новиот делта плус сој нема да предизвика силен бран и преполнување на болниците, максимум би имале 25.000 нови случаи

Проф. Дејан Трајковски за новите мерки кои ги предлагаат надлежните, вели дека вистинското решение е во масовно тестирање на сите вработени, три пати неделно со брзи тестови, слично како што во Германија ги тестираат учениците.

„Државата да набави евтини тестови (по 0,8 евра) и да ги тестира сите со ред, вакцинирани и невакцинирани.

На тој начин нема да ги заштити невакцинираните од тешка форма – но тие секако решиле да не се заштитат, па не е ни важно. Вакцинираните, пак, секако се веќе заштитени од тешка форма.

Тогаш, што би се постигнало со тестирањата? Намалување на преносот на вирусот, што инаку само со вакцини не може да се постигне при постоечката ефективност на вакцините против заразување.

Патем, помалку заразени ќе значи и помалку хоспитализирани и умрени, кај невакцинираните, но и кај вакцинираните.

А за тешката форма на болеста, секој нека одлучува со својата памет. Ефективноста на вакцините против смртен исход е позната, секој нека одлучи сам, нема потреба од никаква принуда.

Што се однесува на Делта-плус сојот, со кого нé плаши власта, при преносливост само за 10-15% поголема од преносливоста на сегашниот Делта сој, потенцијалот за заразување е максимално 25.000 нови случаи, со тоа што при сегашната прележаност тој не може да предизвика силен бран и преполнување на болниците,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија не е дијагностициран делта плус сојот на Ковид-19

Проф. Трајковски: Епидемијата на Ковид-19 во Македонија постепно се ближи кон крајот, на пат е да премине во ендемија

Проф. Трајковски: Како ќе се намалува заштитата од вакцините, така ќе се појавуваат нови случаи преку целата есен и зима

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најубава вест: Собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Редакција

Цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените се замрзнуваат и се намалуваат за 13%

Редакција

Во сообраќајка на Халкидики загина 22-годишен македонски државјанин

Редакција