еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Како ќе се намалува заштитата од вакцините, така ќе се појавуваат нови случаи преку целата есен и зима

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно ја анализира состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“13.11.2021. Последниве 3 дена забележуваме резок и истовремен пад на преносливоста и стапката на позитивни тестови.

Есенскиот бран започнува да стивнува таму каде што најпрво започна да извишува, во Куманово, Велес, Штип и Пробиштип.

Скопје во основа стагнира, а остатокот од државата помалку или повеќе сепак се разгорува. Како да мора после секое стивнување по извесно време одново да се разгори, како што ни покажува случајот на Тетово.

На стивнувањето како да има влијание и ситуацијата во регионот, па со достигнувањето на врвот во Бугарија и Србија можеби и тука нема да видиме поизразен врв од сегашниот.

Единствено во Босна и Херцеговина, нашиот двојник во епидемијата, започува разгорувањето, но слично како и тука, засега не толку драматично. Плативме превисока цена за тоа, па редно е веќе да нема поголеми избувнувања.

Факторот изненадување веќе го „сваривме“. Зад нас останаа доаѓањето на Делта сојот, изборите, отворањето на ноќните и диско клубовите.

Сите овие значајни епидемиолошки настани ги гледаме на дијаграмот на ефективниот репродукциски број Rt како грпки.

Останува да видиме како ќе поминеме со заладувањето на времето и попуштањето на заштитата од вакцините.

Тоа нема да се случи реско, туку како што постепено ќе се намалува заштитата, така ќе се појавуваат нови случаи преку целата есен и зима. Значи, сето ова ќе потрае, дури и без големи врвови.

Со трета доза вакцини можеме да пробаме да го пролонгираме тоа намалување на заштитата, но како што гледаме, интересот за вакцинација не е толку голем како за првите две дози.

Дури ни Светската здравствена организација не препорачува сите рутински да примаат трета доза, туку само позагрозените групи граѓани.

Сепак, третата доза може значително да го намали ризикот од смртен исход кај постарите кои примиле вакцини со инактивиран вирус (кинеските вакцини), што е главната придобивка.

Да видиме од вторник каков правец ќе фати епидемијата, зашто вакви привремени стивнувања сме гледале и порано.

Разочарувачки ќе биде ако во Тетово и Гостивар одново избувне, после сé што се случи летоска. Но, тоа не е сосема исклучено, затоа што во полошкиот регион прележаноста (кумулативната инциденца) не е многу висока, дури ни после летниот бран.

Единствена среќа е што засега нема на повидок нови, поопасни соеви, коишто би можеле да го избегнат досегашниот стекнат имунитет. Со сегашниот доминантен (делта) сој од на пролет веројатно ќе преминеме од пандемиска во ендемиска фаза и ќе живееме со него слично како со грипот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Повеќе од половината од вакцинираните со кинеските вакцини се изложени на ризик и за нив веќе дошло време за примање на бустер доза

Проф. Трајковски: „Тие што не се вакцинирале и не прележале нека не излегуваат од дома, во воздухот има заразни капки и аеросоли“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Лени Кравиц е „закон“: Се прошета низ Скопје и немаше проблем да застане и да се слика со секого

Редакција

Одлуката падна: Нема патување во ЕУ за македонските граѓани

Редакција

И бугарското здружение “Цар Борис III“ доби забрана, министерот Лога го потпиша решението

Редакција